21.10.2011, 11:55 Илиевски со победа ја почна Евролигата во кошарка
Македонскиот репрезентативец Владо Илиевски во дресот на Ефес Анадолу со победа во Белград против Партизан ја почна новата сезона во Евролигата. Турската екипа славеше со 84:73 во еден од трите дуели од „Ц“ групата одиграни синоќа.
Илиевски пред 8.000 гледачи во салата „Пионир", за 13 минути на паркетот постигна 4 поени и додаде уште 4 скока и 2 асистенции. Влатко не трошеше топки непотребно, имаше само еден удар за два поени и две слободни фрлања и сите ги реализира без промашен шут.
Кај гостите најдобри беа Теренс Кинси со 18 и Душан Савановиќ со 17 поени, а кај домаќинот Никола Пековиќ со 21 поен и 6 скока и Милан Мачван со 14 поени и 7 скока.
Во оваа група Реал Мадрид на гости ја постигна и првата „стотка“ совладувајќи ја Шарлроа со 100:76. Победа постигна и Армани Џинс против Макаби со 89:82.
Во „Б“ групата Панатинаикос ја победи Уникаха со 98:77, а Бамберг го надигра Загреб со 96:65.
Еден натпревар се одигра и во „Д“ групата. Барселона како гостин ја победи Олимпија со 86:64.
Првото коло ќе биде комплетирано вечерва (20:30 часот) со натпреварот од „А“ групата Билбао - Олимпијакос. За Олимпијакос ќе дебитира македонскиот репрезен��ативец Перо Антиќ.
|