Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.10.2011, 17:53

Ја поправивме бизнис-климата, но што е со политичката?

Извештајот „Дуинг бизнис за 2012“ на Светска банка дочекан со аплауз в�� Скопје

Нина Нинеска-Фиданоска


Со голема доза сатисфакција, Владата вчера го промовираше најновиот извештај на Светска банка „Дуинг бизнис за 2012“, кој покажува дека Македонија, според условите за водење бизнис е трета економија во светот оваа година. Од претходното 34, место, таа се искачила на 22 позиција, што значи дека има скок од 12 места на оваа листа. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на вчерашната прес конференција, на која покрај него се најдоа и другите „заслужни“ министри, побара дури и аплауз од присутните, за да се поздрави овој доказ за големиот реформски напредок, според кој земјава е рангирана подобро дури и од 19 земји членки на Европската унија.

„Во денешниот извештај Светска банка кажува дека Македонија оди напред, дека продолжува со успеси, дека е трет топ реформатор во светот. Со оглед дека не секој ден Македонија е рангирана на трето место и дека нема многу области во кои сме трети, би ве повикал со еден силен аплауз, да ги поздравиме сите оние вредни работници, креативни луѓе, кои се заслужни, како претходно и нашите кошаркари, да се доживее овој настан.

Земјата, според условите за водење бизнис, направи извонреден скок од цели 72 места во однос на 2006 година“, изјави Ставрески, откако претходно директорката на Канцеларијата на СБ во Македонија, Лилија Бурунчук, со големи пофалби за реформските усилби на земјава го презентираше извештајот.

Таа призна дека треба време за да се почувствуваат бенефитите од реформите, но придобивките од нив веќе се гледале во Македонија. „Потребно е време за да се почувствуваат промените од реформите во економијата, меѓутоа во Македонија се гледаат овие промени, преку повисокиот економски раст и зголемено ниво на странски инвестиции. За посилен пораст се потребни посеопфатни реформи, кои се особено битни во време на криза. Земјата има капацитет да спроведува реформи преку политичка желба“, истакна Бурунчук.

Мароко и Молдавија се земјите што се најподобрени и се пред нашата држава на листата на топ-реформатори. По нас, пак, како трети најподобрени, следуваат Сао Томе и Принципе, Летонија, Зеленоргските Острови, Сиера Леоне, Бурунди, Соломонските Острви, Република Кореја, Ерменија и Колумбија.

Најголемиот прогрес во Македонија бил направен во четири области, пред се' во делот на добивање градежни дозволи, добивање кредит (кредитни информации), решавање на несолвентноста, а скратени се и стечајните постапки. „Земјата го олесни добивањето градежни дозволи, преку префрлање на надзорот врз приватниот сектор и со рационализирање на постапките. Го олесни регистрирањето на имотот преку намалување на нотарските надоместоци и спроведување временски ограничувања со Законот за катастар на недвижности. Основањето приватното кредитно биро го подобри информацискиот систем за кредитите. Со законодавството се подобри транспарентноста на стечајните постапки“, се наведува во Извештајот. Ставрески вчера особена чест му укажа на министерот за транспорт Миле Јанакиески, чиишто ресор бил најзаслужен за напредокот од дури 86 места во делот на добивање на градежните дозволи.

„Овој извештај покажува голем капацитет на земјата да ги спроведува реформите. Македонија и Латвија постигнале најмногу. Македонија најмногу напреднала во смисла на намалување на јазот со водечките земји. Земјата води најмногу меѓу државите од Западен балкан“, рече Бурунчук.

Ставрески не криеше колку е задоволен што има напредок кај сите индикатори, потенцирајќи дека тоа е резултат на макотрпни реформи, спроведени во сите области во овие пет-шест години. Во Извештајот, како што тој истакна, земјава е подобро рангирана од 19 членки на ЕУ. „Македонија сега е на скалата пред Естонија, Литванија, Белгија, Франција, Португалија, Холандија, Австрија, Словенија, Шпанија,... и пред Грција, секако. Нашето 22. место е подобро од првиот конкурент во регионот, Словенија, која е на 37. место, од Црна Гора која е 56., Бугарија на 59., Турција на 71... Бројките зборуваат повеќе од што било што можам јас да кажам“, изјави Ставрески, додавајќи дека било многу потешко да се оствари скок од 12 места, од позиција кога си веќе меѓу најдобрите или подобрите. Според него извештајот ќе биде мотивација за сите да продолжат со работа, пред се во областите каде можеме да одиме уште понапред.

Инаку, во Извештајот, во општата леснотија за водење бизнис води Сингапур, следен од Хонг Конг, Нов Зеланд, САД и Данска. Извештајот ги анализира регулативите, вклучувајќи ги почнувањето и работењето, прекуграничната трговија, плаќањето даноци и разрешувањето на инсолвентноста. Од него се гледа дека владите во 125 од 183 мерени економии спровеле вкупно 245 реформи на деловната регулација, или 13 проценти повеќе од лани.

Според претседателот на државата, Ѓорге Иванов, Извештајот покажува дека реформите дале резултати. „Македонија секоја година оди се' погоре и претставува привлечна дестинација за странски инвестиции. Тоа укажува дека и во услови на глобална економска криза, кога многу економии стагнираат, Македонија има што да понуди“, изјави Иванов.

Но, одредени експерти во земјава коментираат дека врз основа на овој извештај не треба да се влечат апсолутни заклучоци, бидејќи индикаторите кои во него се мерат, не се единствените пресудни за економијата во земјата. (Н.Н.Ф.)

 


Статијата е прочитана 1545 пати.

Испрати коментар



Груевски за Блумберг
Невработеноста се намалува вештачки
Иванов
Грција подготвува реакција на говорот на Груевски
Граѓаните поделени меѓу име то и ЕУ
Беџети тврди дека не ги исмејувал судиите
Шпионско досие: како го разоткрив МИ6
СДСМ
Не им се брза со нов попис



скајвокер, 21.10.2011 02:55:51
ЕЈ Зоки ,абе не заебавај,маркетинг е ова само нели?немој да те свати некој озбилно
mitre, 21.10.2011 07:17:58
Ги раскинавте устите од фалење, ама што фајде за народот.......за народот реалноста е повеќе од СУРОВА..........ДУИНГ БИЗНИС е изгледа ДРАПАЈ СИ МЕВОТ........
Voodusheven, 21.10.2011 08:30:45
Е, ова е невиден успех кој треба да се прослава со возење во двоспратен автобус испод Триумфалната Порта. Мислам, трето место е многу подобро од разочарувачкото четврто на кошаркарите на ЕП.
Petar Momiroski, 21.10.2011 10:36:37
Трето место во рефоримте, а не на листатата на најдобри економии. Мора да се забележи дека пред нас се Молдавиј и Мароко. Молдавија е држава во која просечна плата е 50 долар, а за Мароко не коментирам. Молдавија е држава обоена во сивило, молдавците веќе одамна се откажаа од нивната држава и зедоа Бугарски пасоши се со цел да можат да останат во Бугарија. Мислам дека е многу смешно и несериозно да се пласира ваква вест. Навистина смешно и жално што сме во исти кош со Молдавија.
Istocna Makedonija, 21.10.2011 13:04:52
Pozitiven iscekor e da se popravi biznis klimata vo zemjava i da go otvori patot kon poimpresivni in-vesticioni vlozuvanja(zasega gi nema).Sekako nema elementi za pogolemo slavenje,euforija,vo apstinencija na konkretni rezultati na politicki(me- gunaoden)plan i vo podobruvanjeto na opstata ekonomska slika vo zemjava.Vaka,slavime seka- kov,pa i mal iscekor.Ako ne postignavme golovi, se raduvame na izvedenite korneri!A,od niv nema se efekt.
Goran, 21.10.2011 15:08:43
Alo mitre, abe kako toa koga ima kritiki od nadvor togas barate otkaz i promena na vladata, a koga Svetskata Banka ni dava pozitivna ocenka togas e falenje i gluposti... Nekako mnogu interesno gi tolkuvate ovie raboti...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 8°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култу��а | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |