Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.04.2012, 12:38
Пешевски: Владата ќе процени кога да интервенира во цената на бензините



Македонија нема да го следи примерот на некои земји, како Хрватска, кои ги зголемија даноците.

Владата ќе интервенира во однос на цената на бензините тогаш кога ќе процени дека е тоа потребно, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Според него, кон ова прашање се пристапува многу сериозно и аналитично.

- Владата нема волшебно стапче да ги смени цените на нафтата на светскиот пазар. Тој тренд е таков каков што е. Се додека е растечки, цената на нафата генерално ќе се зголемува, рече Пешевски, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод Предлог законот за туристички развојни зони.

Македонија нема да го следи примерот на некои земји, како Хрватска, кои ги зголемија даноците.

- Она што во тој случај беше сигурно е дека ќе се зголеми ДДВ-то, а тоа што можеби ќе се случи беше дека ќе се намали цената на бензинот. Кај нас е обратно, сигурно нема да се зголеми ДДВ-то, но можеби ќе има корекција во делот на давачките кон државата, потенцира вицепремиерот.

Тој најави дека Владата наскоро ќе излезе и со решенија околу царинските давачки за увоз на благородни метали кои им се потребни на дел од фабриките во „Бунарџик“.

- Се работи на изнаоѓање решенија. Веруваме дека во скоро време ќе ги најдеме и соодветно ќе делуваме, рече Пешевски.


Статијата е прочитана 610 пати.

Испрати коментар



Реакции: Брза акција ќе ги смири тензиите
Македонија во шок
Признание од САД за учество на Македонија во мировните мисии
Самарас - Или чиста победа или нови избори
Жител од Црешево меѓу жртвите во синоќешното убиство кај Смилково
(ВИДЕО) Србин се заканува дека ќе ја минира холандската брана
Околу 800 новинари ќе известуваат за судскиот процес против Брејвик
Променливо време со повремен дожд
Министерот Попоски на безбедносен форум во Словачка
Неуспешен обид на Северна Кореја да лансира ракета
Велики петок - ден на жалост во христијанскиот свет
Петкратно убиство кај селото Смилковци
Се самоуби 73 годишен маж во Капиштец
Барање за одземање на имунитетот на Дора Бакојани
Од утре променливо време со врнежи од дожд и грмежи
СДСМ смета дека стопанството е пред целосен колапс
Папуљас до Иванов - Грција сака фер решение за името
Владиниот тим се враќа од Русија со нова инвестиција
Расмусен - Повлекувањето од Авганистан постепено до 2014
Скандалозно - Димова против ИПА фондовите во Македонија
Во Сирија стапи во сила прекин на огнот
Потпишана Спогодбата за соработка меѓу царините на Македонија и Азербејџан
Во Белград пронајдена украдената слика на Пол Сезан
Мексико и САД ги потресоа земјотреси
Акцијата „Детонатор“ ја здрма и Струга
Парламентарните избори во Грција ќе се одржат на 6 мај
Велигденски сообраќаен режим



murto, 12.04.2012 13:28:24
Наградно прашање:Кога владата ќе реши да интервенира во цената на бензините? а) веднаш б) за шест месеци в) пред избори
pero, 12.04.2012 13:35:05
dibek eden...
procenka, 12.04.2012 14:38:30
Ти прави сега проценки, а ние ќе направиме проценка на изборите, и тоа брзо, за една година
Gogisha, 13.04.2012 10:17:40
Koga ke procitam ovakva strucna analiza od vicepremier, sosema mi e jasno zosto sme tamu kaj sto sme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |