11.04.2012, 13:46 Македонија повторно во топ 100
Фудбалската репрезентација скокна четири места на ранг листата на ФИФА и сега е 98
Македонската фудбалска репрезентација, иако нема одиграно натпревар по поразот од Луксембург од 2:1 на 29 февруари, сепак, скокна на ранг листата на ФИФА за четири места, и сега повторно се наоѓа меѓу првите 100 национални селекции, поточно на 98. место.
Пред нас се Вијатнам и Бугарија, која падна за цели 11 места, а зад нас е Гвинеја. Стотката ја затвора Антигва и Барбуда.
Инаку, минатиот месец се одиграа 24 меча, по кои Шпанија го задржа врвот, додека Германија и Уругвај го прескокнаа светскиот вицешампион Холандија.
За две позиции напредуваше петтопласираната Португалија, а потоа следат Бразил, Англија и Хрватска. Поредокот на првите 10 репрезентации го заокружуваат Данска и Аргентина.
Најголем напредок од 25 места забележа Северна Кореја, која сега е на 86. позиција.
Од нашите противници во квалификациите за светското првенство 2014 година во Бразил најдобро пласирана е споменатата Хрватска на осмата позиција, потоа следат Србија (32. место - пад за шест позиции), Велс е 41 (скок за седум места), Белгија е 44 (пад за четири места), а Шкотска е 48 (скок за три позиции). (Н.К)
Ранглиста на ФИФА
1. Шпанија 1442
2. Герамнија 1345
3. Уругвај 1309
4. Холандија 1207
5. Португалија 1190
6. Бразил 1165
7. Англија 1132
8. Хрватска 1114
9. Данска 1069
10. Аргентина 1066
|