Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
10.04.2012, 17:23

Заврши сезоната за „Филип Втори“

Ништо од гостувањето на Динамо Загреб за прославата на 65. роденден на Вардар

Горан Адамовски

На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје нема да се играат натпревари до крајот на сезоната. Реконструкцијата на главниот терен и на атлетските патеки ќе се провлече и следниот месец. На тревникот ќе му требаат и шеесетина дена да легне новата трева, па првите натпревари би требало да се играат на лето, односно за квалификациите од европските купови. Со тоа, отпаѓа можноста на крајот од април во земјава да пристигне хрватскиот гигант Динамо Загреб, кој требаше да биде дел од прославата на 65-годишното постоење на Вардар.

Иако најавите говореа дека се' ќе биде готово до крајот на март или почетокот на април, сепак, вчерашната слика од нашиот најголем стадион зборува поинаку. На теренот е распослан песок, од страните чекаат цевките за парно и прскалките, а на атлетските патеки �� фрлен чакал. Работниците велат дека конечниот изглед ќе биде светски.

„Имавме некои грешки, оти првпат работиме стадион. Имаше некои лоши процени во проектот, па ги стававме и ги вадевме цевките и песокот, патеката ја ширевме, оти доаѓаше до трибината. Ама, набргу се' ќе биде готово, ќе видите, ќе нема вакво нешто во регионов“, уверуваат работниците.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, признава дека официјалната промоција ќе мора да почека.

„Рековме до почетокот на април ако не' послужи времето. Ама, како за беља, оваа зима беше најлоша, па фирмата ‘Бетон‘ ги пушти своите работници на дваесетина дена одмор. Ќе ви кажам дека имавме и грешки во проектот, ги увидовме и ги отстранивме. Прскалките планиравме да одат под средината на теренот, па ни беше укажано дека по европски терк е тие да бидат од страните, оти фудбалерите со лизгачките стартови можат да се повредат. И околу атлетската патека имавме мали пропусти што ги средивме. На одредени натпревари ќе ги тргаме и монтажните скали од теренот до трибините. Во секој случај, се надеваме дека најдоцна за еден месец се' ќе биде готово, но за новата трева што ќе ја поставиме, ни сугерираа дека најдобро би било 50 до 60 дена да не се гази, да фати корени, што значи дека официјалната промоција, здравје, ќе биде за европските фудбалски купови во јули“, ни изјави Грозданов.

Според најавите, тревникот ќе биде меѓу најмодерните во Европа, ќе има нов систем за дренажа и греење што на велелепниот објект со триесетина илјади столчиња ќе му даде комплетен лик. За жал, пролонгирањето на промоцијата му создаде главоболки и на нашиот најпопуларен тим, Вардар, кој планираше блескава прослава на својот роденден.

„Ништо од Динамо, ништо од прославата, барем засега. Ќе одложиме за летово, па ќе видиме што ќе биде тогаш“, вели Васил Шишковски, првиот човек на скопските „црвено-црни“.

Вардар и Работнички речиси цело првенство го одиграа на алтернативните игралишта во Скопје. Вардарци, сепак, први ќе истрчаат на новиот терен, имајќи предвид дека титулата во домашниот шампионат им е практично обезбедена, па од јули ќе бијат битка за Лигата на шампионите.


Статијата е прочитана 1592 пати.

Испрати коментар



Манчини - Готово е, не може да го стигнеме Јунајтед
Шумахер најбрз на вториот слободен тренинг во Кина
Вилјареал се поблиску до опстанок во Примера
Клупата на Чикаго пресилна за Мајами
Металург со нови договори за седум ракометари
Виган донесе неизвесност во Премиер лигата
Борусија Дортмунд на чекор до одбрана на титулата
Јувентус се врати на челната позиција во Серија А
Реал Мадрид убедлив против градскиот ривал Атлетико
Звонко Шундовски останува селектор
Втора победа на Бостон над Мајами за 10 дена
Македонија повторно во топ 100
Гвардиола му ја посвети победата на Абидал
Атлетико мисли само на победа против Реал
Одом и Далас ја прекинаа соработката
Надал и Ѓоковиќ ќе играат на „Сантјаго Бернабеу“
Финалето на Купот на 2 мај во Штип

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |