12.04.2012, 10:45 Јувентус се врати на челната позиција во Серија А
Победоносниот гол против Лацио (2:1) го постигна ветеранот Алесандро Дел Пјеро во 82.минута
Екипата на Јувентус по триумфот од 2:1 остварен синоќа на домашен терен против Лацио во дербито на 32.коло се врати на првата позиција на табелата во Серија А.
„Старата дама“ поведе со голот на Симоне Пепе во 30.минута, а Лацио изедначи преку Стефано Маури во 45.минута. Победоносниот гол го постигна Алесандро Дел Пјеро во 82.минута.
На другите натпревари од 32.коло беа постигнати следниве резултати: Киево – Милан 0:1, Наполи– Аталанта 1:3 (Горан Пандев доби црвен картон во 70.минута), Џенова – Чезена 1:1, Катанија – Лече 1:2, Парма – Новара 2:0, Фиорентина – Парма 0:0, Интер – Сиена 2:1 и Рома – Удинезе 3:1.
Вечерва се игра последниот дуел од оваа коло Болоња – Сиена.
Табела: Јувентус 68 бодови, Милан 67, Лацио 54, Удинезе 51, Рома 50, Наполи 48, Интер 48 итн.
|