12.04.2012, 12:01 Во Сирија стапи во сила прекин на огнот
Долгоочекуваниот прекин на огнот утрово стапи во сила на цела територија на Сирија. Во согласност со планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан сириската армија и бунтовниците треба да го прекинат насилството.
- Досега нема информации за инциденти на фронтовите во Сирија, но не знам што би можело да се случи подоцна, изјави шефот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, Рами абдел Рахман.
Сириската Влада ги извести ОН дека ќе го почитува прекинот на огнот, но оти ќе го зачува правото да одговори на секој напад на бунтовниците.
|