12.04.2012, 11:50 Мексико и САД ги потресоа земјотреси
Во северниот крајбрежен регион на Мексико утринава биле регистрирани два земјотреса со интензите од 6,2 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американскиот геофизички институт.
Епицентарот на потресите бил на 134 километри од градот Хереро Негро во мексиканската сојузна држава Долна Јужна Калифорнија, на 10,3 километри под површината на земјата.
Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
Претходно, денеска земјотрес со интензите од 6,4 степени, беше регистриран и во слабонаселниот планински регион на мексиканската сојузна држава Мичоакан, на длабочина од 66 километри под површината на земјата. Овој потрес бил почувствуван и во мексиканскиот главен град Мексико Сити.
Речиси истовремено со потресот во Мичоакан, земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтер е регистриран и во американската сојузна држава Орегон, а неколку минути подоцна нешто послаб потрес почествуван е и на кра��брежјето на Калифорнија.
|