11.04.2012, 13:00 Роберт Саздов на кормилото на „Макфест“
Композиторот и продуцент Роберт Саздов е новиот уметнички директор на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Тој ќе биде задолжен за најновото фестивалско издание „Макфест 2012“
„Неговата долгогодишна кариера како продуцент, композитор, аранжер и текстописец, како и искуството стекнато на македонската музичка сцена изминативе години, го донесоа на оваа висока позиција. Саздов ќе биде човекот кој заедно со стручниот тим на Макфест ќе ги избере новите композиции кои ќе бидат изведени на 27 издание на фестивалот на 11-ти, 12-ти и 13-ти октомври оваа година“, објаснуваат организаторите на фестивалот од „Нова Икс идеја“.
Сите заинтересирани музичари кои сакаат да испратат своја композиција за „Макфест“, тоа можат да го сторат до 31-ви мај на официјалниот мејл [email protected]. На конкурсот можат да се пријават и нови изведувачи кои сакаат да настапат на дебитантската вечер на фестивалот.
Организаторите на „Макфест 2012“ најавуваат богата музичка програма која ќе го крене фестивалот на едно повисоко ниво со талентирани изведувачи и квалитетни композиции. Сите новости и информации поврзани со новото фестивалско издание наскоро ќе може да се прочитаат и на официјалната веб страница на фестивалот www.makfest.com.
|