Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
11.04.2012, 15:36
Звонко Шундовски останува селектор



РФМ, шефот на Стручниот штаб и ракометарите едногласни: настапот во Гетеборг е неуспех, но не и дебакл

Роберт Димитриевски

Звонко Шундовски ќе ја води машката ракометна репрезентација на Македонија и во баражот со Австрија за Светското првенство 2013 во Шпанија, од кој првиот меч ќе се одигра на 9 јуни во Скопје, а реваншот седум дена подоцна во Виена.

„Би било несериозно да менуваме селектор 50 дена пред баражот. Освен тоа, по Европското првенство на Шундовски му го продолживме договорот за уште две години. Управниот одбор наредната недела ќе го разгледува неговиот извештај за настапот во Гетеборг“, вели претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Михајло Михајловски.

„Сигурно ќе има измени во составот, бидејќи одредени играчи не го дадоа максимумот, а други не беа во посакуваната форма. Но, нема да има спектакуларни промени, поради тоа што имаме костур од 12-13 ракометари. Верувам во тимот што го освои петтото место во Србија“, најави Шундовски, кој за мундијалскиот бараж подготвувал концепциски промени, посебно во трансформацијата од напад во одбрана.

Ова е логичен епилог на денешната средба со новинарите, на која РФМ, селекторот и репрезентативците беа едногласни дека резултатот на Македонија во олимписките квалификации „е неуспех, но не и дебакл“.

„Отидовме со преголем оптимизам врз основа на импресивното петто место на ЕП, очекувајќи сигурен пласман на ОИ. За жал, тоа не се случи. Евидентно е дека одигравме послабо од ЕП, но ни Унгарија ни Шведска не не' надиграа. Ни потфрлија најдобрите - Лазаров во нападот, Ристовски на голот, Маркоски во одбраната, но не може постојано да се игра во топ-форма“, објасни Михајловски. „Не бегаме од тоа дека одигравме послабо, но лично сметам дека тоа премногу трагично се доживеа во државата. Мораме да извлечеме поуки, бидејќи во јуни не' чека бараж за СП, а наесен квалификации за ЕП, за кои ќе бидеме привилегирани, односно извлечени од вториот сад“.

„Непласманот на ОИ не е никаков дебакл. Имавме голема шанса изборена со извонредниот настап на ЕП, но игравме со репрезентации што ја темпираа формата токму за квалификациите за ОИ. Дадовме максимум, иако физичката подготвеност не ни беше на највисоко ниво“, додаде Шундовски. „Во овие квалификации влеговме премногу еуфорично и од позиција на фаворити. Лекцијата од Гетеборг треба да ја научиме и уште посилни да влеземе во баражот за СП. Убеден сум дека имаме квалитет за пласман на мундијалот. Ако не ја поминеме Австрија, тогаш ќе може да се зборува за дебакл“.


Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар



Манчини - Готово е, не може да го стигнеме Јунајтед
Шумахер најбрз на вториот слободен тренинг во Кина
Вилјареал се поблиску до опстанок во Примера
Клупата на Чикаго пресилна за Мајами
Металург со нови договори за седум ракометари
Виган донесе неизвесност во Премиер лигата
Борусија Дортмунд на чекор до одбрана на титулата
Јувентус се врати на челната позиција во Серија А
Реал Мадрид убедлив против градскиот ривал Атлетико
Втора победа на Бостон над Мајами за 10 дена
Македонија повторно во топ 100
Гвардиола му ја посвети победата на Абидал
Атлетико мисли само на победа против Реал
Одом и Далас ја прекинаа соработката
Надал и Ѓоковиќ ќе играат на „Сантјаго Бернабеу“
Финалето на Купот на 2 мај во Штип
Заврши сезоната за „Филип Втори“



mkd, 11.04.2012 16:22:41
SRAMOTA!!!
sportski rabotnik, 11.04.2012 16:25:47
Sundovski,zosto vo reprezentacijata povikuvas rakometari od koi sto spored (ne)kvalitetot ne smeese da gi stavis vo spisokot za kvalifikaciite vo Geteborg ! Asurdot da bide pogolem,nekoi koi sto bea vo Geteborg opravdano gi greeja razervnite stolcinja,ne dadoa nikakov pridones..a od druga strana uporno go izostavuvas od reprezentacijata rade Stojanovic,Georgievski... rakometari ,koi sto spored kvalitetot morase da bidat vo Geteborg.Od druga strana pak od MRF ni priredija krajno nelogicno resenie,namesto ostavka,tie duri mu go prodolzile dogovorot i nemaat nikakva namera poslusniot Sundovski da mu se zablagodarat i na negovo mesto da angazirat dokazan rakometen strateg.za dzabe ne kazano deka ribata zasmrduva od glavata.So ovaa vasa odluka go gubite naseto poverenie ...Neka ni e gospod na pomos !
Марко, 11.04.2012 18:53:49
Катастрофа! Не е катастрофата во тоа дека нема да се пласираме на Светско. Ќе се пласираме бидејќи Австрија е многу слаба репрезентација и кај нив ракометот е шесторазреден спорт, нешто како кај нас ритмичка гимнастика или хокеј на треба. Трагедијата е што победата во баражот против слабата Австрија ќе се прикаже како успех и како причина шундо дилетантот да остане на чело на репрезентацијата и на Светското првенство договодина, каде со ваков катастрофален тренер ќе бидеме само топовско месо за сите противници, а со Лино Червар би се бореле за медаља.
olimpijada, 11.04.2012 19:26:38
se molat navivacite da gi bojkotiraat slednite natprevari da navivaat za makedonija pred salata BORIS TRAJKOVSKI, bidejki ovaa e edinstveniot nacin da mu se ukaze na selektorot i rakovodstvota na rfm deka reprezentavijata ne e klub i deka narodot saka NAVISTINA I SO SRCE NAVIVA za reprezentacijata no posle ovaa navistina treba da si podnese ostavka selektorot i da odrzi pres da objasni na makedonskata javnost zosto go nema goce georgievski vo reprezantacijata? .na dimovski mu trebat 20 sekundi da izleze i ekipata da se transformira od napad vo odbrana , a znaeme danska ni dade gol za 10 sekundi OSTAVKAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA
Do koga vaka duri se mozi, 11.04.2012 19:34:56
Na zdravje bricenjeto garantirano posledno mesto bez diciplina i rabota nema uspih...........
Bez Prof.Simev nema nisto!, 11.04.2012 19:45:09
Bez da se angazira Prof.Vangel Simev vo reprezentacijata/ strucen stab i t.n. ne moze da se ocekuva svetski dostreli na rakometot i sportot voopsto. Toa sto toj e od najstarite VMRO vci treba da bide plus a ne pak hendikep! Ili pak ako ne e od novokomponiranite VMROvci od DA...nema mesto ni vo Makedonija za takvite? Reprezentacijata ne moze da se vodi so mobilizacija od niva...i da se kontrolira od poljakot postaven po partiska linija. Sundovski seako bi mozel da bide del od strucniot tim, no se sto se pravi e ociglendno so kriteriumi na DPMNE taka i rezultatite se MVRO vski, kako i vo drzavata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |