10.04.2012, 17:24 Надал и Ѓоковиќ ќе играат на „Сантјаго Бернабеу“
Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат егзибициски дуел на „Сантјаго Бернабеу“ на 14 јули во кој се надеваат дека ќе го урнат рекордот во поглед на посетеност на тениски натпревар.
„Ас“ пишува дека организаторите на мечот веруваат во полн стадион за спектаклот, односно, 80.000 гледачи на трибините. Приходот од мечот ќе заврши во хуманитарните фондации на Реал Мадрид и Рафаел Надал кои посебно ги помагаат децата со потешкотии во развојот и кои имаат едукациски проблеми.
Рекордната посетеност на тениски меч изнесува 35.681 гледач колку што привлече дуелот меѓу Белгијката Ким Клајстерс и Американката Серена Вилијамс што се одигра на 8 јули во 2010 година на фудбалскиот стадион во Брисел.
|