Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.04.2012, 09:58
Велики петок - ден на жалост во христијанскиот свет



Во сите храмови на Македонската православна црква денеска се одбележува Велики петок, ден на страдањата и смртта на Исус Христос

Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.

Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста на Христовото воскресение.

Одлуката за погубување на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеменската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок.

По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја кој го осудил на смрт и го предал на народот.

Откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: „Јас не сум крив за смртта на овој праведник“.

Разбеснетиот еврејски народ кој го барал Христовото распнување и смрт извикувал:„Крвта негова на нас и на нашите деца“.

Потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота каде е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: „Оче, прости им зашто не знаат што прават“.

Времето на смртта и симнувањето на телото Господово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовотo погребување придружено со звуци на тропала.

Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

Правoславниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. Обичај е на тој ден да се вапсуваат велигденските јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос.

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Веста за воскресението в сабота на полноќ ќе ја објават свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква во земјава и во странство.



Статијата е прочитана 598 пати.

Испрати коментар



Претседателот Иванов повика на воздржаност и одговорност
Регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир во Радишани
Погребот на момчињата ќе се изврши утре
Јанкулоска - МВР интензивно трага по убијците
Реакции: Брза акција ќе ги смири тензиите
Хорор во Скопје. Македонија во шок
Бебиња за 20.000 евра на црниот пазар
Признание од САД за учество на Македонија во мировните мисии
Самарас - Или чиста победа или нови избори
Жител од Црешево меѓу жртвите во синоќешното убиство кај Смилково
(ВИДЕО) Србин се заканува дека ќе ја минира холандската брана
Околу 800 новинари ќе известуваат за судскиот процес против Брејвик
Променливо време со повремен дожд
Министерот Попоски на безбедносен форум во Словачка
Неуспешен обид на Северна Кореја да лансира ракета
Петкратно убиство кај селото Смилковци
Се самоуби 73 годишен маж во Капиштец
Барање за одземање на имунитетот на Дора Бакојани
Од утре променливо време со врнежи од дожд и грмежи
СДСМ смета дека стопанството е пред целосен колапс
Папуљас до Иванов - Грција сака фер решение за името
Владиниот тим се враќа од Русија со нова инвестиција
Пешевски - Владата ќе процени кога да интервенира во цената на бензините
Расмусен - Повлекувањето од Авганистан постепено до 2014
Скандалозно - Димова против ИПА фондовите во Македонија
Во Сирија стапи во сила прекин на огнот
Потпишана Спогодбата за соработка меѓу царините на Македонија и Азербејџан
Во Белград пронајдена украдената слика на Пол Сезан
Мексико и САД ги потресоа земјотреси
Акцијата „Детонатор“ ја здрма и Струга
Парламентарните избори во Грција ќе се одржат на 6 мај
Велигденски сообраќаен режим

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |