Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
12.04.2012, 11:26

Борусија Дортмунд на чекор до одбрана на титулата



„Милионерите“ со 1:0 го добија големото дерби против Баерн и му избегаа цели шест бода на четири кола пред крајот

Шампионот на Германија, Борусија Дортмунд е на чекор до одбрана на титулата, откако синоќа во дербито на 30. коло во Бундес лигата, на домашен терен го совлада најголемиот конкурент Баерн со 1:0 и му избега цели шест бода на четири кола до Стрелец на победоносниот гол за „милионерите“ беше Роберт Левандовски во 77.минута.

Јирген Клоп стана вториот тренер во историјата на Бундеслигата по Ото Рехагел (со Вердер Бремен) кој со својот тим му нанесол четири последователни порази на рекордерот по шампионски титули во Германија.

„Ова денеска беше стресно. Последните минути беа неверојатни. Но многу подобро од ова денеска не може ни да се игра. И’ симнувам капа на мојата екипа“, изјави Клоп по натпреварот.

И навистина супер дербито го заслужи епитетот. Големи возбудувања, промени на темпото и на доминацијата на тимовите, погодени пречки и конечно доцен гол за Борусија во 77. минута (Роберт Левандовски) што создаде дополнителни возбудувања. Следуваше промашениот пенал на Баерновиот напаѓач Арјен Робен, кој во судиското продолжение пропушти и уште една голема шанса откако од четири метри шутираше над голот. „Баерн и’ ја подари титулата на Борусија“, пишуваат некои германски медиуми, алудирајќи токму на промашувањата на Робен.

Трагичарот на дербито, пак, по мечот истакна:

„Не знам што да кажам. Во последните три години ги дадов сите пенали. Ова е горко. Може да се каже дека Борусија е првак“, рече Робен.

На другите натпревари од 30.коло од Бундес лигата беа постигнати следниве резултати: Вердер – Борусија Менхенгладбах 2:2, Мајнц – Келн 4:0, Аугсбург – Штутгарт 1:3, Херта – Фрајбург 1:2, Баер Леверкузен – Кајзерслаутерн 3:1, Хановер – Волфсбург 2:0, Нирнберг – Шалке 4:1 и Хофенхајм – Хамбургер 4:0.

Табела: Борусија Дортмунд 69 бодови, Баерн Минхен 63, Шалке 57, Борусија Менхенгладбах 53, Штутгарт 46, Баер Леверкузен 44, Хановер 44 итн.






Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар



Шумахер најбрз на вториот слободен тренинг во Кина
Вилјареал се поблиску до опстанок во Примера
Клупата на Чикаго пресилна за Мајами
Металург со нови договори за седум ракометари
Виган донесе неизвесност во Премиер лигата
Јувентус се врати на челната позиција во Серија А
Реал Мадрид убедлив против градскиот ривал Атлетико
Звонко Шундовски останува селектор
Втора победа на Бостон над Мајами за 10 дена
Македонија повторно во топ 100
Гвардиола му ја посвети победата на Абидал
Атлетико мисли само на победа против Реал
Одом и Далас ја прекинаа соработката
Надал и Ѓоковиќ ќе играат на „Сантјаго Бернабеу“
Финалето на Купот на 2 мај во Штип
Заврши сезоната за „Филип Втори“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |