11.04.2012, 17:30 Промовирана „Голем Град Преспа I“
Денеска во Македонската академија на науките и уметностите беше промовирана монографијата „Голем Град Преспа I“ на археологот академик Вера Битракова-Грозданова. Во оваа прва монографија за островот Битракова ги сублимирала добиените резултати од археолошките истражувања кои на островот на Преспанско Езеро ги водела 40 години, а систематски истражувала 20 години.
Претседателот на Академијата, Владо Камбовски, говореше за монографијата како за вистинско репрезентативно дело на македонската археологија и наука пред светот, додека промоторите, археолозите проф. д-р Драги Митревски и проф. д-р Елица Манева посочија на големата вредност на обработените археолошки наоди и податоци од островот што датираат од праисторијата до средниот век, значајни за културната историја на регионот и пошироко.
Книгата е во издание на МАНУ и издавачката куќа „Данте“, а финансиски со еден дел е помогната и од Фондацијата „Триф��н Костовски“. (К.Б.) |