11.04.2012, 17:48 Велигденски сообраќаен режим
Поради велигденските празници, викендов ќе биде забранет сообраќајот на дел од булеварот „Партизански одреди“. Во периодот од 18 часот в сабота до 6 часот в недела сообраќајот нема да се одвива од раскрсницата на „Партизанска“ со улицата „Френклин Рузвелт“ до раскрсницата со „Даме Груев“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од раскрсницата со улицата „Орце Николов“ до раскрсницата со „Димитрие Чупоски“.
Автобусите што се движат по „Партизанска“ кон Карпош ќе бидат пренасочувани по улиците „Димитрие Чуповски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Френклин Рузвелт“, а во обратен правец кон Центар, по улиците „Френклин Рузвелт“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“. (Б.Ш.) |