12.04.2012, 12:31 Марк Ентони поднесе барање за развод од Џенифер Лопез
Ентони барањето го поднел под своето вистинско име Марко Мунис во судот во Лос Анџелес во понеделникот. Двојката објави уште во јули дека ќе се разведува
Пејачот Марк Ентони поднесе барање за развод од пејачката и актерка Џенифер Лопез, со што става крај на седумгодишниот брак.
Ентони барањето го поднел под своето вистинско име Марко Мунис во судот во Лос Анџелес во понеделникот. Двојката објави уште во јули дека ќе се разведува.
Пејачот поднел и барање за заедничко старателство врз четиригодишните близнаци Макс и Еми.
Џенифер Лопез (42) и Марк Ентони (43) се венчаа во јуни 2004 година, неколку месеци откако Лопез ја раскина веридбата со актерот Бен Афлек и неколку дена откако Ентони се разведе од поранешната Мис на Порторико Дајанара Торес.
Разделбата меѓу двајцата засега е мирна. Лопез и Ентони продолжуваат да работат заедно на ново телевизиско шоу за таленти. Сепак, Џенифер веќе си најде нов партнер, 25-годишниот танчер Каспер Смарт.
|