Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
10.04.2012, 17:04

„800 револуции во минута“, изложба на „Кооперација“

„800 револуции во минута“ е прва од серијата изложби/ настани која во организација на „Кооперација“ ќе се одржи вечерва во 20 часот на ул. „Коста Шахов“ бр. 6. Изложбата е поместена во простор првенствено наменет за пералница, опфаќајќи ја темата на новите почетоци и развивање на иновативни стратегии и интервенции во специфични услови на збиен простор и временска ограниченост. Насловот е преземен од степенот на центрифуга наведен во прирачникот за машина за перење алишта, а карактеристично за изложбата е што ќе трае само еден ден.

„Кооперација“, која ја сочинуваат Ѓорѓе Јовановиќ, Никола Узуновски, ОПА, Игор Тошевски, Филип Јовановски, е нова иницијатива чија цел е активно дејствување вон инертните институционални рамки, иницијатива која предлага еден поинаков начин на создавање и доживување на современата уметност на територијата на Македонија. (Д.Л.)


Статијата е прочитана 196 пати.

Испрати коментар



„Исти на различен начин“ премиерно и на албански
Американците „Филаданко“ го затвораат „Танц-фест“
Гости, промоции и попусти на Саемот на книгата
Градот убав пак ќе никне
Промоција на „Голем Град Преспа I“ во МАНУ
„Грнета“ на фестивал во Анкара
Филхармонија ги носи звуците на Виетнам

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спо��т |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |