12.04.2012, 19:38 Барање за одземање на имунитетот на Дора Бакојани
Врховниот суд на Грција побара одземање на пратеничкиот имунитет на лидерката на Демократска алијанса, поради лажни податоци во даночната изјава, поточно за непријавени еден милион долари
Обвинителството на Врховниот суд на Грција побара одземање на пратеничкиот имунитет на Дора Бакојани, лидер на партијата Демократска алијанса, поради лажни податоци во даночната изјава, поточно за непријавени еден милион долари.
Станува збор за сума од еден милион долари, инвестирани од страна на нејзиниот сопруг Исидорос Кувелос за зделка во странство.
Трансакцијата бил целосно законски извршена, но сумата не била пријавена во даночната изјава на Дора Бакојани во функција на поранешен министер.
Бакојани изјави дека барањето на обвинителството е тенденциозно и дека е резултат на борбат на нејзината партија против незаконското финансиарње на партиите, што засегнува многумина.
- Парите на мојот сопруг се од неговиот бизнис со бродоградежништво и се инвестирани на американска берза, истакна Бакојани
|