12.04.2012, 12:28 Расмусен: Повлекувањето од Авганистан постепено до 2014
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека меѓународните сили ќе се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година, кога безбедноста на земјата ќе ја преземе домашната полиција и војската.
Генералниот секретар на НАТО, кој се наоѓа во посета на Кабул, истакна дека е задоволен од обучувањето на домашните трупи и нагласи дека авганистанските специјални единици се „едни од најдобрите во светот“.
Расмусен нагласи дека НАТО ќе го продолжи финансирањето и обучувањето на авганистанските сили и по 2014 година.
Авганистанските сили за безбедност сега бројат околу 330.000 припадници и до крајот на годината ќе бидат зголемени за уште 20.000 војници и полицајци.
- Ние ќе се повлекуваме постепено и ќе ја препуштаме одговорноста за безбедноста на домашните сили за безбедност, истакна Расмусен.
|