Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.10.2011, 13:10

Бесими-Чеку: Заедничка цел е членството во НАТО и во ЕУ




До крајот на годинава, министрите за одбрана најавија дека ќе се изработи заеднички план за работа, врз основа на кој ќе се усогласат сите активности.

Фото: Петр Стојановски

Досегашната соработка во одбраната и можноста за нејзино продлабочување, врз основа на градење меѓусебна доверба преку заеднички конкретни проекти за соработка, беа темите на кои денеска разговараа министерот за одбрана, Фатмир Бесими и министерот на косовските безбедносни сили Агим Чеку, кој престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Заедничка цел на двете земји, потенцираа министрите Бесими и Чеку, се евроатлантските интеграции - членство во ЕУ и во НАТО. До крајот на годинава, најавија, ќе се изработи заеднички план за работа, врз основа на кој ќе се усогласат сите активности.

- Соработката ќе се одвива во насока на размена на искуства и можноста Република Македонија да го поддржи Косово со обуки во Воено-медицински центар, Регионалниот тренинг центар за комуникација, Воената академија и полигонот Криволак, изјави Бесими по средбата. Тој додаде оти Македонија ќе даде поддршка за вклучување н�� Косово во Јадранската група - А5, а е подготвена да размени искуствата во однос на спроведените реформите во АРМ, мировните мисии и стратешките документи за членство во НАТО.

Чеку го информирал Бесими за целите и визиите за развој на косовските безбедносни сили, а побарал и поддршка за, како што рече, Косово да го завземе местото што и припаѓа во регионалните иницијативи. Македонија и АРМ, потенцира тој, ги има постигнато сите НАТО стандарди потербни за полноправно членство.

- На Македонија и се нанесува политичка неправда со тоа што се уште не е членка на НАТО, изјави меѓу другото Чеку.

На новинарско прашање како врз Македонија ќе влијаат последните настани во северно Косово, министерот Чеку дециден дека тие настани не само што нема да се рефлектираат во Македонија, туку нема да се рефлектираат ниту во поширокито дел на Косово. Тоа се настани, прецизира, легитимно контролирани од КФОР.

- Во духот на добрососедските и партнерски односи кон евроатлантските интеграции, Македонија ги промовира мировните процеси и дијалогот како единствен инструмент за воспоставување одржлива мир и стабилност на сите земји од регионот, одговори министерот Бесими.

Во рамки на посетата, министерот Чеку ќе биде примен и од премиерот Никола Груевски, а ќе ја посети и Воената академија „Михаил Апостолски“, Регионалниот тренинг центар за комуникации и Воениот медицински центар.





Статијата е прочитана 419 пати.

Испрати коментар



СДСМ покрена постапка за утврдување на одговорноста за пропаѓање на пописот
Амнестија за Ахмети по празникот!
Пешевски оптимист за реализација на странските инвестиции
Обвинетите од „Фаланга“ добија над 70 години затвор
ОН побараа истрага за смртта на Гадафи
Непозната судбината на синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Наскоро издавање градежни дозволи по електронски пат
Поповски во посета на Приштина, Чеку во Скопје
Грчкиот парламент ги изгласа мерките за штедење
Чавес - Убиството на Гадафи е срамота
ЕТА прогласи крај на вооружената борба
Едно лице почина од срцев удар во Атина
Џибрил - Гадафи починал од куршум при престрелка
ЕУ - Смртта на Гадафи означува крај на ерата на тиранија
Иванов - Очекуваме ЕУ да се однесува европски
Моамер Гадафи - полковникот кој сакаше да го викаат крал
Новите либиски власти официјално потврдија дека Гадафи е мртов
Го каснала оса и починал
Ја поправивме бизнис климата, што е со политичката
САД и НАТО немаат потврда за смртта на Гадафи
Собранието расправа за невработеноста и сиромаштијата
Заврши драмата со дивите живо��ни на слобода во Охајо
Доскорешниот либиски министер за одбрана убиен во Сирт
Германија и Франција поделени околу спасот на еврото
(ОБНОВЕНО) Моамер Гадафи е убиен!
Тетовец криел марихуана во близина на бачило
Продолжува генералниот штрајк во Грција
Осум војници на КФОР повредени од солзавец при отстранување на барикадите
Попоски - Имаме подршка за НАТО, името останува пречка
Судењето на „тигарот“ на 2 ноември
Банките да работат повеќе со фирмите, а помалку со Владата
Заменети бебиња во Медицинскиот центар во Кочани
Собирање на желбите на граѓаните
Полицијата употреби солзавец, 70 илјади луѓе на улиците
Почина француската заложничка Мари Дедио
Цената на нафтата над 88 долари
АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
Татко го влечел детето 30 метри закачено на кука

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Ситен дожд
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |