20.10.2011, 13:53 Успешен старт на Мекејлеб во Евролигата
Бо Мекејлеб натпреварот против Уникс Казан на гости (79:71) го заврши со 17 поени и 4 асистенции и беше најдобар играч во својот тим.
Екипата на Монтепаски Сиена во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со победа ја почна новата сезона во Евролигата. Мекејлеб натпреварот против Уникс Казан на гости (79:71) го заврши со 17 поени и 4 асистенции и беше најдобар играч во својот тим.
Во вториот натпревар од оваа група Проком - Галатасарај 72:76, а последниот дуел од оваа група се игра вечерва меѓу Унион Олимпија и Барселона.
На вчера одиграните натпревари во „А“ групата: Фенербахче - Каха Лаборал 66:69 и Канту - Нанси 80:69.
Во понеделникот беше одигран првиот натпревар Жалгирис - ЦСКА Москва 74:87 (Б група).
Вечерва се играат другите натпревари од 1.коло, а комплетна програма има во „Ц“ групата каде Владо Илиевски со Ефес Анадолу гостува во Белград кај Партизан. На другите два дулеа играат: Шарлроа - Реал Мадрид и Армани - Макаби.
Во „Б“ групата играат: Панатинаикос - Уникаха и Бамберг - Загреб, додека колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Билбао и Олимпијакос („А“ група), во чии редови ќе настапи кап��тенот на македонската репрезентација Перо Антиќ.
|