Реал кралски, Манчестер Сити во последните секунди
Реал Мадрид лесно го декласираше стариот познаник Лион, Баерн Минхен прими гол по 12 натпревари и ремизираше со Наполи, Манчестер Сити славеше со гол во последна секунда, а Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата го совлада Оцелул.
Во групата А се одиграа идентични први полувремиња на двата натпревари. Поведоа гостите, а домаќините израмнија преку автогол. Тони Крос го доведе Баерн Минхен во водство уште во втората минута, но Бадштубер си постигна автогол во 39-та минута и на тој начин го совлада Мануел Нојер по 12 натпревари, односно по 1150 минути игра. Баерн имаше шанса повторно да дојде до водство, но на почетокот од второто полувреме, но голманот на Наполи, Де Сантис го одбрани пеналот на Гомез.
Виљареал дојде до водство со голот на Кани во третата минута, а во финишот на првото полувреме Манчестер Сити израмни со автоголот на Марчена. Трите бода за домаќините ги донесе Агуеро со гол во 93-та минута од натпреварот.
По победата на ЦСКА против Трабзон, на вториот натпревар од групата Б, Интер имаше големи проблеми со Лил, но сепак победи со единствениот гол на Џампаоло Пацини во 21-та минута.
Манчестер Јунајтед доми��ираше во Романија против Оцелул Галати, но се намачи во нападот. Бодовите ги освои благодарение на двата голови на Руни постигнати од белата точка. Мечот го одбележаа и по еден црвен картон кај двете екипи. Во 64-та минута беше исклучен Немања Видиќ, а во финишот на натпреварот црвен картон заработи и Милан Перендија, поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички.
На вториот натпревар од групата Б, Бенфика на гости го совлада Базел со 0:2 и прејде во водство на табелата. Стрелци за португалската екипа беа Бруно Цезар и Оскар Кардозо.
Во групата Д, многу полесно од очекувањата, Реал Мадрид го совлада Лион. Домаќините поведоа во 19-та минута со голот на Карим Бензема, а во продолжение на првото полувреме Реал Мадрид продолжи да доминира и имаше посед на топка од 65%, но не успеа да го зголеми водството. Сепак, Лион не успеа да одолее и во второто полувреме. Стрелецот на првиот гол, Бензема беше асистент на голот на Кедира на стартот од вториот дел, а беше и главен виновник за автоголот на Лорис. Високата победа ја потврди Рамос со гол на десетина минути пред крајот.
ГРУПА А:
Манчестер Сити - Виљареал 2:1, Наполи - Баерн 1:1 Табела: Баерн 7, Наполи 5, Манчестер Сити 4, Виљареал 0