Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.10.2011, 14:10
Индија свечено ја отвори Ф1-патеката




Гран-при викендот на објектот вреден 400 милиони долари ќе го збогатат „Металика“ и Леди Гага

Индија ја пушти во употреба новата патека за Формула 1, вредна 400 милиони долари, ветувајќи дека ќе ги потисне разочарувачките спомени од минатогодишните Игри на Комонвелтот. Стравувањата дека патеката Буд, долга 5,14 километри и сместена близу Њу Делхи, нема да биде целосно подготвена исчезнаа по помпезната инаугурација на објектот. Игрите на Комонвелтот, кои требаше да ја промовираат Индија во растечка глобална сила, наместо тоа оставија спомени за недовршени објекти и за огромно натфрлање на буџетот.

„Игрите на Комонвелтот не натераа да ги наведнеме главите од срам“, изјави на прес-конференцијата Маноџ Гаур, претседател на приватниот промотор на трката „Џајпи груп“. „Ние му пристапивме на Ф1-проектот како на предизвик и решивме да направиме толку импресивна патека што срамот од Игрите на Комонвелтот ќе биде заборавен и ќе биде обновена нашата гордост во светот“.

Патеката е дел од амбициозниот спортски комплекс на 10.000 квадратни метри, кој ќе вклучува и академија за мотоспорт што треба да биде основана во соработка со „Мерцедес-Бенц“. Дизајнира��а од германскиот архитект Херман Тилке, патеката има најбрз правец во споредба со која и да е друга Ф1-патека во светот.

Индискиот возач на Формула 1, Нараин Картикејан, член на Хиспанија рејсинг тим, го испофали објектот.

„Имам возено на сите поголеми Ф1-патеки низ светот и оваа ја ценам за една од најдобрите“, изјави Картикејан, кој се надева дека ќе вози пред 100.000 навивачи, кои се очекува да присуствуваат викендот кога е трката. Фановите тогаш ќе имаат и друг вид забава, вклучувајќи ги и првиот настап во оваа земја на американската хевиметал група „Металика“ и поп-сензацијата Леди Гага.

„Се обидуваме трката да ја направиме единствено искуство за фановите“, изјави Гаур. „Таа е прашање на индискиот престиж во светот. Направивме обид да дадеме мал придонес за да се осигуриме дека оваа инвестиција е привлечна за сите“.

Гаур додаде дека влезниците за трката се речиси продадени, освен неколку корпоративни блок-карти по цена од 3,5 милиони рупии (70.000 долари) до 10 милиони рупии. Тој, исто така, ги негира заканите од некои локални групи фармери дека ќе ја попречат трката, ако не бидат исполнети нивните барања за подобар надомест за одземената земја за изградба на патеката.

„Ние работевме тука со целосна соработка на локалните жижели“, изјави Гаур. „Повеќе од уверени сме дека ќе бидеме домаќини на мирна трка. настанот ќе биде сто проценти успешен“.

Првата трка за Големата награда на Индија во Формула 1 ќе се одржи на 30 октомври.




Статијата е прочитана 598 пати.

Испрати коментар



Исток Пуц ја изгуби битката со ракот
Тричковски и Апоел непоразени и кај Порто
Успешен старт на Мекејлеб во Евролигата
Металург против Висла во Лигата на шампионите
Победнички старт на ракометарките
Ренова го декласира Тетекс
Перо Антиќ е „Србин“ според веб страницата на Евролига
Македонија се искачи едно место на ФИФА-листата
Реал кралски, Манчестер Сити во последните секунди
Литванија идеална за успешен старт
Работнички бара да се одигра натпреварот со Вардар
Избодени двајца навивачи на Баерн во Неапол
Коби Брајант не доаѓа во Италија
Стогодишниот Индиец Синг истрча маратон
Ќурчиќ в.д. селектор на фудбалската репрезентација на Србија
Агенцијата за млади и спорт ги осуди инцидентите
(ВИДЕО) Загина возач во судир на Индикар-трка
Лазаров со седумка го награди и Веспрем
Ставрев ќе и суди на Барса во среда на „Камп Ноу“
ВИДЕО - Римското дерби во Серија А му припадна на Лацио
Фетел славеше и во Ј. Кореја, титулата за Ред Бул
Мекларен сака победа за јубилејот
Мурињо ќе ја води Португалија против БиХ?
(ВИДЕО) Руни ќе ја пропушти групната фаза на ЕП 2012
Германецот Маер го елиминира Надал во Шангај
Торстен Финк на клупата на Хамбургер
Хрватска против Турција, Босна ја извлече Португалија
Татран декласиран, Металург лидер
Фени со победа ја почна одбраната на титулата
Култхард - Ред бул нема да доминира како Ферари
Пораз на Торус во дебито во БИБЛ
Шведска и Данска директно на ЕП, Босна во баражот
Нерешено со Словачка за крај на квалификациите
Последна шанса за спас на НБА сезоната
Американски кошаркар претепан до смрт во Романија
Седум гола на Лазаров за реми на Атлетико Мадрид
Вардар про со тенка предност
Фетел ја одбрани титулата во Формула 1
Највисок пораз на Македонија во квалификациите за ЕП 2012
Македонија и Србија го поделија пленот
Динара Сафина ја заврши тениската кариера
Фетел по бод во Сузука за шампионска титула
Новицки се договори со Реал Мадрид?
Претпоследно коло од квалификациите за ЕВРО 2012
Македонија во ерменско осило
Два меча казна за Мурињо за инцидентот против Барса
Фетел сака да ја освои титулата со стил
Фени Индустри ја доби организацијата на Суперкупот
Адебајор - Ги преживеав куршумите, за навредите не ми е гајле
Батон го продолжи договорот со Мекларен
Паркер во Асвел за време на локаутот
Македонската фудбалска експедиција отпатува за Ереван
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тренинг на македонската фудбалска репрезентација
И Филип Ивановски во репрезентацијата
Челзи го купува стадионот од навивачите
Ѓорѓи Христов на клупата на Металург
Кириленко потпиша за ЦСКА Москва
Илиевски подобар од Антиќ
Мареј го освои Бангкок, прв АТП-трофеј за Типсаревиќ
„ФК Вардар“ се огради од навивањето на дербито со Шкендија
Одбојкарките на Србија ја освоија Европа
Нема Евролига за Самарџиски и Литвос Ритас
Барселона нов лидер во шпанската Примера

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |