07.10.2011, 17:02 Македонија и Србија го поделија пленот
Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година ремизира (1:1) со северниот сосед на стартот на квалификациите за ЕП 2013
Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година ремизира (1:1) со соодветната селекција на Србија во првиот, за нас, меч во новиот циклус квалификации за Европското првенство во 2013 година во Израел. Поведоа гостите преку Саша Марковиќ во 73 минута, нашите надежи израмнија во 89 минута со гол од пенал на Ферхан Хасани.
Наредниот натпревар избраниците на Бобан Бабунски ќе го одиграат на 11 ноември кога на стадионот „Борис Трајковски“ ќе гостува тимот на Фарски острови.
Македонија - Србија 1:1
Полувреме: 0:0. Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 1.500. Главен судија: Серхиј Бојко. Помошници: Олексеј Андрејев и Јевхен Каламендик (сите тројца од Украина). Жолти картони: Ристовски, Урдинов, Таири (Македонија), Којиќ, Савиќ, Ѓуричиќ (Србија). Стрелци: Хасани во 89 минута од пенал за Македонија, Марковиќ во 73 минута за Србија.
Македонија: Гачевски, Ристовски, Ристевски, Станков (Урдинов 38 мин.), Богдановиќ, Мициновиќ, Несторовски (Таири 66 мин.), Трајковски (Алтипармаковски 80 мин.), Фазли, Хасани, Спировски. Селектор: Бобан Бабунс��и.
Србија: Алексиќ, Миљковиќ, Медоевиќ, Настасиќ, Младеновиќ (Савиќ 77 мин.), Милановиќ, Игновски, Милуновиќ, Лазовиќ (Марковиќ 62 мин.), Ѓуричиќ, Којиќ (Деспотовиќ 72 мин.). Селектор: Александар Јанковиќ. (С.Д.)
|