Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.10.2011, 18:14

Македонско добредојде за Eмирот од Катар

Ова е прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија

Македонија денес и утре ќе живее во знакот на Катар. Доаѓањето на владетелот на една од најбогатите земји во светот Катар,емирот Хамад бил Халифа ал-Тани, познат како Шеик Хамад и неговата огромна свита, ќе биде одбележано со по��ебен режим на сообраќај, како и со стотина знамиња од двете земји по улиците на главниот град.

Ден пред посетата, по скопските улици можеа да се видат полициски возила и мотоцикли како ги вежбаат последните детали од предвидената маршрута поврзана со дводневната посета на високиот гостин од Арапскиот свет.

Домаќин на делегацијата од стотина луѓе, меѓу кои и двајца членови на кралското семејство, 12 министри, бизнисмени, новинари, ќе биде шефот на државата Ѓорге Иванов. Македонскиот претседател по трет пат се среќава со сувереност на Катар, но овој пат на домашен терен. Познанството датира од 2009 година во Њујорк за време на 64. Генерално собрание на Обединетите нации, а нивната втора средба се одржа во 2010 година во Катар за време на Десеттиот Доха форум. Оваа земја во 2003 година финансиски и политички го поддржа одржувањето на Самитот на шефови на држави од ЈИЕ на тема „Дијалог меѓу цивилизации“, чијшто иницијатор беше починатиот македонски претседател Борис Трајковски. Во 2013 година, на десетгодишнината на Самитот, Македонија повторно ќе биде домаќин на овој форум.

Педесетидеветгодишниот емир на Катар, на скопскиот аеродром „Александар Велики“ пристига со авионот ЕРБАС 340 и ќе биде пречекан од претседателот Иванов, со највисоки воени и државни почести. Од таму со блиндирано возило, придружувано со седум полициски мотоцикли, ќе се упати во вилата „Водно“, каде што ќе одржат тет-а-тет средби со претседателот Иванов.

Емирот на Катар ќе допатува во одело, а на свечената вечера во хотелот „Александар палас“ ќе биде облечен во традиционална облека извезена со златен конец. На приемот ќе присуствуваат околу 90 луѓе од двете делегации. Во духот на нивната религија, нема да се служи алкохол, а храната ќе биде традиционална македонска со јагнешко и со телешко месо, бидејќи, по нивно барање, на вечерата нема да има јадења со свинско месо. На вечерата ќе настапат Културно-уметничкото друштво „Танец“ и оркестарот „Чалгии“ на Македонската радио-телевизија. За спомен од Македонија, емирот ќе добие резба „Македонска носија“.

Ова е прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија. Својата европска турнеја емирот на Катар ја почнува од Македонија, по што следат посетите на Албанија, Полска и Украина.

На вториот ден од посетата, емирот ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по што е предвидено разгледување на културно-историски знаменитости и посета на Старата скопска чаршија.

Катар е држава во Југозападна Азија, која се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот Залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија - емират, а службен назив е Држава Катар. Државата Катар брои околу 1.700.000 жители и е поранешен британски протекторат. Независна држава станува на 3 септември 1971 година.

Изобилува со минерални ресурси, нафта и е трета во светот по резерви на гас. Фактот што нејзината економија се потпира на извозот на нафта и гас, ја вбројува во редот на земјите со највисок БДП по глава на жител (46.000 долари во 2005 година).Официјален јазик е арапскиот, но во широка примена е и англискиот јазик. Речиси 95 отсто од населението се со исламска вероисповед, а останатите христијани, Евреи, Индуси..

Република Македонија беше меѓу првите земји од регионот која во 2005 година отвори дипломатско-конзуларно претставништво во Доха, од каде што се планира да бидат дипломатски покриени уште неколку земји од тој регион.

Од Кабинетот на Иванов посочија дека има интерес за отворање амбасада на Катар во Република Македонија. Досега амбасадата на Катар со седиште во Рим ги покриваше дипломатско-конзуларните работи за Македонија. Оттаму, информираа и дека оваа посета е многу значајна затоа што е продолжение на континуираниот политички дијалог и ќе претставува силен сигнал за интензивирање на севкупната соработка. посебно на економската.

На средбата на македонскиот претседател со емирот на Катар ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу двете држави и ќе бидат разменети мислења за ситуациите во регионот, на Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Балканот. Посебен акцент ќе биде ставен на развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена, како и можноста за директни катарски инвес��иции во македонското стопанство.

Во рамки на посетата на емирот на Катар ќе бидат потпишани неколку билатерални договори од областа на културата, образованието, здравството, како и од економската сфера.

Кој е емирот на Катар?

Седмиот по ред емир на Катар е роден во Доха, во 1952 година и е потомок на основачот на државата Тани, која владеела од средината на 18 век. Има три жени и повеќе деца. Важи за еден од највлијателните и реформски ориентирани арапски лидери, кој балансира меѓу традиционалните исламски вредности и неговата визија за културно разновидна и технолошки развиена земја.

Основното и средното образование го завршил во родниот град, а натамошното образование го продолжил во Велика Британија, каде што завршил Кралска воена академија. Се враќа во земјата со чин потполковник и и' ја презема командата на мобилната бригада во земјата. Со помош на странски експерти работи на модернизирање на војската.

Во 1972 година, неговиот татко го соборува тогашниот емир на власт, при што Хамад добива зголемени овластувања во војската и станува министер за одбрана. Но, за време на посетата на неговиот татко на Швајцарија во 1995 година, тој успева да го симне од тронот со државен удар без крвопролевање и да се прогласи за владетел. Важи за искусен преговарач во меѓународни спорови и воени кризи, но и како човек што им дал големи права на жените во земјата, што е нетипично за исламските земји. (Г.Д)

 


Статијата е прочитана 4510 пати.

Испрати коментар



Судии и обвинители играа фудбал
СДСМ: Владини функционери да платат по 16 илјади евра отштета
Бучковски бара Црвенковски да си оди
Штрајкот во Грција со размери на неформална блокада за Македонија
Разгледница



Strategijata na akademik Igor Janev podrzana od K.Gligorov, 17.10.2011 09:57:00
Konechno zapochnuva strategija na doblizhuvanjeto kon Nevrzanite drzhavi-chlenki na ON. Tie se potrebni za glasnjeto vo OON pri vospostavuvanjeto ustavnoto ime vo Generalnoto sobranie na ON. Stavovite na akademik prof. Igor Janev gi prifati i Kiro Gligorov i izleze so stav za rezolucijata za imeto vo ON (objaveno vo Utrinski vesnik 2006. godina pod naslov Vreme e za rezolucijata za imeto vo OON).
Bogomil, 17.10.2011 14:30:56
Претседателе, така раскомотен во твојата претседателска резиденција, не е на одмет за средбите со државбниците да потпрочитуваш по нешто и да поднаучуваш нешто за нив и историјата на нивните држави, а пред се начија историјата на сопствените народи. Да не ти се случуваат такви гафови, што ни им прилегаат дури и на голобради момчиња, како оној со романскиот претседател, кому на послужавник како жртвени јагниња му ги подари Власите од македонија. За жал, таа е нашата македонска реалност.Не водат позери и лузери, седнати во шефовски фотелји.
slartibartfast, 17.10.2011 19:15:02
Da ne sleta prinudno covekov vo Skopje?
Mark, 17.10.2011 20:12:29
Molam da nema losi komentari! Spored tajna informacija Emirot ni nosi MILIJARDA DOLARI VO KES i 7 MILIJARDI VO INVESTICII! Premierot ni veti 8 milijardi i EVE GI!!!
nist novo, 18.10.2011 08:22:59
Garant slisnal e za nasiot zakon za treto dete, pa si veli sega mu e majkata ,ohoho jas so 24 deca nema zima za mene Ama se zeznal( Vazi li uste zakonot ili ne????)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Облачно

Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |