Новата верзија не е само поголем апдејт на Андроид, туку комплетна трансформација на оперативниот систем која опфаќа се од елиминација на копчињата за физичка навигација, до креирање на сосема нов фонт (Roboto) за корисничкиот интерфејс.
„Самсунг“ и „Гугл“ ноќеска во Хонг Конг заедно ги претставија Galaxy Nexus и Андроид 4.0 (Ice Cream Sandwich).
Новата верзија не е само поголем апдејт на Андроид, туку комплетна трансформација на оперативниот систем која опфаќа се од елиминација на копчињата за физичка навигација, до креирање на сосема нов фонт (Roboto) за корисничкиот интерфејс. Андроид 4.0 со тек на време треба да ги обедини двата постојни Андроид оперативни системи (Honeycomb за таблет компјутери и Gingerbrеad за мобилни телефони) во еден.
Меѓу останатите подобрувања, новата платформа носи и цел пакет на засилување на постојните Гугл апликации, вклучувајќи инкогнито сурфање, синхронизирање на букмаркс со Хром, подобрена Гмаил апликација и слично.
На промоцијата во Хонг Конг беше претставен и новиот систем за заклучување на Андроид мобилните, кој работи на препознавање на ликови. Во теорија, новиот ОС користи технологија за препознавање на ликови, за да пр��вери дали вистинскиот сопственик го држи телефонот, и во случај крадец да се обиде да го користи телефонот тој автоматски се заклучува. Инаку, на презентацијата на новиот Андроид оваа опција не работеше според планираното.
Освен Андроид 4.0, во Хонг Конг беше преставен и новиот мобилен телефон од Самсунг - Galaxy Nexus. Новиот модел има двојадрен процесор на 1,2 GHz, 1 GB RAM и 16 GB интерна меморија за снимање податоци. Она што е најзабележително на новиот Нексус е џиновскиот екран од 4,65 инчи (новиот iPhone 4S има 3,5 инчи).
Новиот телефон од ноември треба да биде достапен во Европа.