23.09.2011, 14:48 „Пета“ со порно сајт за заштита на животните
На почетокот на декември кога ќе може да се регистрираат новите .ххх домеини, „Пета“ планира да лансира порно сајт со цел „да се промовираат правата на животните и веганизмот преку микс на порнографија и снимки на животни кои страдаат“.
„Се надеваме дека ќе допреме до една цела нова интернет публика, луѓе кои ќе бидат шокирани од видеата и сликите кои ќе ги видат, а кои не ги очекувале кога одлучиле да го посетат нашиот .ххх веб-сајт“, изјави Лидзи Рајт, лице за односи со јавност на „Пета“.
„Кога слушнавме за домеинот ххх, сфативме дека ќе биде тројно попосетуван кога ќе зборуваме за нашите горливи активности, како што се вегетаријанството и заштитата на животните“, додава Рајт.
Од организацијата потсетуваат на кои се начини страдаат животните додека луѓето се забавуваат со нив или јадат производи од месо.
Ова не е прв ваков чекор на „Пета“. Од организацијата досега напривија неколку сексапилни реклами во кои се појавија голем број познати актерки и моделки. Меѓу нив беа Алиша Силверстоун, Шарлиз Терон, Памела Андерсон и голем број други јавни личности.
|