29.09.2011, 14:23 ФОТО - Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
За прва придружничка е избрана Николина Кузмановска (19) од Битола, а втора придружничка е Стефани Стојческа (17) од Прилеп
Фото: Киро Попов
Следејќи ја традицијата на „тајност“, што последниве години се практикува во изборот за Мис на Македонија, синоќа во неодамна отворениот локал, со амбиција да биде нарекуван „музички град“, или „Роџер пијано“, Весна Јакимовска од Струга се избори за титулата - Најубава! Нејзиниот мандат како Мис на Македонија подразбира Весна да ја претставува земјава на изборот на Мис на светот во Лондон, што ќе се одржи на 6. ноември.
Меѓу дванаесетината девојки во конкуренција за Мис на Македонија, за прва придружничка е избрана Николина Кузмановска (19) од Битола, која воедно беше прогласена и за „Мис фото“. Втора придружничка е Стефани Стојческа (17) од Прилеп, а за Мис шарм прогласена е Натали Настовска (21) од Скопје.
Иако надвор од конкурецијата, пристутните на „тајниот избор“ реагираа дека водителката Натали Грубовиќ би била најсоодвета да ја претставува Македонија во ноември, на Мис на светот.
Сепак, на 6. ноември, нека бидат палците стегнати за Весна Јакимовска! (Ј.П.)
|