28.09.2011, 15:23 Фени место МЗТ на мегдан на Панатинаикос
„Металците“ го откажаа учеството на турнирот органзиран од Левски, по полициската сугестија да не одат 300 навивачи во Софија.
МЗТ Скопје од безбедносни причини го откажа учеството на турнирот во Бугарија, каде што вечерва требаше да се сретне со Балкан, утре со европскиот кошаркарски шампион Панатинаикос, а в петок силите да ги одмери со Левски. Раководството на клубот од скопската населба Аеродром донесе таква одлука непосредно пред поаѓањето, откако доби информација дека среде Софија се подготвува пресметка меѓу навивачите на двата тима. Наводно, се било испланирано преку социјалните мрежи.
Наместо МЗТ Скопје, утре против Панатинаикос, главниот конкурент во грчкиот шампионат на Олимпијакос, за кого во претстојната сезона ќе настапува и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, ќе игра македонскиот и балкански првак Фени индустри. Тоа е таа наметната, изнудена и далеку побенигна варијанта, со која треба да се ублажат негативните последици од откажувањето на „металците“. Фени И. нема толкав број навивачи, а и оние што стојат зад него немаат такво богато досие како фановите на тимот од Аеродром, а и оние од Атина. (Н.К.) |