28.09.2011, 14:03 Мурињо повторно ќе биде казнет од УЕФА?
Португалецот Жозе Мурињо против Ајакс го одработи последниот натпревар од казната заработена од УЕФА. Тој вчерашната победа против Ајакс од 3:0 ја проследи од трибините, но контактираше со своите помошници кои беа на клупата.
Според шпанските медиуми, Мурињо своите инструкции му ги соопштувал на еден од своите помошници, Руи Фариа, а тој преку таблет информациите му ги пренесувал на асистентот Аитор Каранка.
УЕФА ќе ги разгледа постапките на Мурињо и можно е тој да заработи нова казна за уште два натпревари.
За потсетување, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер доби суспензија од два меча затоа што и покрај забраната, на натпреварот против Удинезе контактираше со своите помошници.
|