28.09.2011, 11:07 Сабонис преживеа срцев удар
Легендарниот литвански кошаркар Арвидас Сабонис синоќа додека рекреативно играл кошарка преживеал лесен инфаркт.
Како што јавуваат литванските медиуми, Сабонис моменто се наоѓа во една болница во Каунас и е надвор од животна опасност.
Четириесет и шестгодишниот кошаркар кариерата ја започна во Жалгирис, а потоа играше за Реал Мадрид и Портланд. Со активно играње кошарка престана во 2005 година кога беше член на матичниот клуб Жалгирис.
Арвидас Сабонис шест пати беше прогласуван за најдобар европски играч, со репрезентацијата на СССР беше олимписки, светски и европски шампион. Во 2010 година е примен во „Куќата на славните на ФИБА“, а оваа година е примен во „Куќата на славните кошаркари“ во Спрингфилд (САД).
|