23.09.2011, 21:42 Федерер го откажа учеството во Шангај
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер заради исцрпеност го откажа настапот на АТП Мастерс турнирот во Шангај.
„По консултации со мојот тим, решив да се повлечам од АТП мастерс турнирот во Шангај. Ова лето имав премногу тешки турнири и се чувствувам исцрпено, а влечам и неколку незгодни повреди. Во следниот период ќе настојувам да дојде до нивна брза рехабилитација за да можам што поскоро да се вратам на терените“, соопшти Федерер.
На турнирот во Шангај сеуште е неизвесен и настапот на моментно најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Откажувањето на Роже Федерер следи само неколку денови откако тенисерите јавно го искажаа своето незадоволство од густиот распоред.
Следниот настап на Федерер се очекува да биде на неговиот домашен терен, кога на почетокот на ноември ќе ја брани титулата на турнирот во Базел.
|