29.09.2011, 22:05 Европскиот првак пресилен за Фени Индустри
Македонскиот шампион Фени Индустри денеска претпре убедлив пораз од 107-70 од европскиот првак Панатинаикос на контролниот натпревар одигран на турнирот во Софија.
Кавадарчани биле рамноправен противник само во првата четвртина, кога имале достижна негатива од само шест поени разлика (29-23). Меѓутоа во продолжението од натпреварот, избраниците на прославениот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ, воспоставиле целосна контрола над играта и од минута во минута само ја зголемувале предноста на семафорот. На полувремето Панатинаикос имал сигурно водство од 59-35, кое да крајот на мечот искусно го сочувал, не давајќи им ниту искра надеж за пресврт на избраниците на Емил Рајковиќ.
По овој пораз, кошаркарите на Фени ги очекува уште еден натпревар против домашниот Левски, кој ќе биде одигран утре.
|