27.09.2011, 14:33 Хуб Стевенс пак на клупата на Шалке
Холанѓанецот Хуб Стивенс е нов тренер на бундеслигашот Шалке, потврдија денеска од клубот во Гелзенкирхен.
Стивенс потпиша двегодишен договор и уште денеска ќе го води првиот тренинг, а попладне го очекува официјалната промоција.
Холанѓанецот веќе го предводеше Шалке во периодот од 1996 до 2002 година и во тој период со клубот освои два германски купа, како и купот на УЕФА во 1997 година.
По заминувањето од Гелзенкирхен работеше во Херта, Келн, Роди, ХСВ, ПСВ и Ред Бул Салцзбург.
|