28.09.2011, 16:56 Жута подобар од Гркот Савидис на СП во бокс
По експресната елиминација на Вели Мумин во категоријата до 52 кг и на Димитар Ташков (до 91 кг), Фатлум Жута донесе малку радост во четиричлената боксерска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Баку.
Жута денеска го совлада на поени Илијас Савидис од Грција на стартот во средна категорија (до 75 кг), а следна пречка в сабота во вечерната програма ќе му биде Хаиме Кортез од Еквадор. Во оваа категорија се пријавени 67 натпреварувачи.
Примислав Димовски вечерва последен од македонските боксери ќе се појави на рингот во салата „Гајдар Алиев“ во главниот град на Азербејџан. Негов ривал е освојувачот на бронзениот медал на Европското првенство во Турција, Михаил Бахтиѕе од Грузија. (Р.Д.) |