29.09.2011, 09:19 Гол-првенец за Тричковски, нова петарда на Барса
Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна гол за својата екипа АПОЕЛ, која одигра нерешено 1:1 на гостувањето против Шахтар Доњецк во второто коло од Лигата на шампиони.
По одличната акција со Хараламбидис во 61. минута, Тричковски прецизно биеше и го совлада домашниот голман Рибка.
Радоста на кипарскиот состав траеше само две минути бидејќи Жадсон во 64. минута погоди за домаќините.
Барселона со "петарда" во мрежата на БАТЕ Борисов ги прокнижи првите три бода во групата Х, а Лионел Меси беше стрелец на два гола за каталонскиот тим со што се изедначи на второто место на вечната листа на стрелци на Барса со 194 гола со легендарниот играч од крајот на педесетите и почетокот на шеесетите години од минатиот век, Ладислав Кубала.
Во дербито на Местаља, Валенсија и Челси одиграа 1:1. Лампард ги доведе "сините" во водство во 56. минута, а на три минути пред крај, по играњето со рака на Калу во шеснаесетникот, Солдадо од пенал изедначи. Одличен натпревар имаше домашниот голман Диего Алвеш, кој одбрани неколку сигурни голови.
Милан во второто полувреме го скрши отпорот на Викторија Плзен (2:0) со погодоците на Ибрахимовиќ од пенал и Кас��но, додека со истиот резултат пред своја публика славеше и Баер Леверкузен над Генк.
Висока победа оствари Марсеј, кој на Велодром ја порази Борусија Дортмунд со 3:0, а Арсенал беше подобар од Олимпијакос и славеше со 2:1.
Група Е Валенсија - Челси 1:1, Баер Леверкузен - Генк 2:0
Група Ф Арсенал - Олимпијакос 2:1, Олимпик Марсеј - Борусија Дортмунд 3:0
Група Г Зенит - Порто 3:1, Шахтар - АПОЕЛ 1:1
Група Х БАТЕ Борисов - Барселона 0:5, Милан - Викторија Плзен 2:0
|