26.09.2011, 10:23 Прва сезонска победа за Рома во Серија А
Фудбалерите на Рома синоќа во последниот натпревар од 5.коло од Италијанското фудбалско првенство ја постигнаа првата победа во новата сезона совладувајќи ја Парма на гостински терен со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Пабло Освалдо во 50.минута.
На дригите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Болоња – Интер 1:3, Милан – Чезена 1:0, Наполи – Фиорентина 0:0, Киево – Џенова 2:1, Аталанта – Новара 2:1, Каљари – Удинезе 0:0, Катанија – Јувентус 1:1, Лацио – Палермо 0:0 и Сиена – Лече 3:0.
Табела: Јувентус 8 бодови, Удинезе 8, Киево 7, Палермо 7, Фиорентина 7, Наполи 7, Каљари 7, Џенова 7...
|