28.09.2011, 13:57 НЛБ-лига продолжува како АБА-лига
По истекот на договорот меѓу Регионалната кошаркарска лига и нејзиниот главен спонзор Нова Љубљанска банка, оваа сезона натпреварувањето ќе носи назив АБА.
„Во десетте години постоење лигата доби меѓународен углед и признание. Во 11. сезона влегуваме цврсти со нови долгогодишни спонзори. Нашето натпреварување од финансиска гледна точка останува силен проект. Доказ за тоа е вклучувањето на уште еден евролигаш, а тоа е Макаби“, изјави Роман Лисац, главен директор на АБА-лигата.
Лисац дополни дека во тек се преговори со новите можни партнери. Новата сезона во АБА-лигата стартува во сабота попладне со мечот меѓу Крка и Макаби. Останатите дуели од воведното коло ќе се одиграат на 8 и 9 октомври.
|