30.09.2011, 13:36 Ѓоковиќ ќе го пропушти Пекинг
Двократниот последователен шампион на турнирот во Пекинг, Србинот Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата оваа година, заради повреда која ја заработи во Дејвис купот против Аргентина.
Најдобриот светски тенисер по повредата во Белградската арена оди на терапија и постојано беше во контакт со организаторите на турнирот во Пекинг, но по најновите прегледи, лекарите не дадоа зелено светло за настап.
Станува збор за повреда на мускулот меѓу ребрата, која Новак само ја обновил во Белград, а таа настанала во текот на настапот во Њујорк, каде најдобриот тенисер по прв пат во кариерата го освои УС Опен.
Турнирот во Пекинг е од категоријата 500, што знaчи на победникот ќе му припаднат 500 АТП бода, без кои Ѓоковиќ ќе остане затоа што нема да настапи по освојувањето на титулата во 2010 година.
На АТП листата тоа нема да влијае на статусот на Ѓоковиќ, затоа што во овој момент Србинот има 14.720 бода, а второпласираниот Рафаел Надал има 10.620.
|