01.10.2011, 17:29 Вардар подобар од шампионот Шкендија
Со головите на Бразилецот Лико во 59 и на Филип Ивановски во 83 минута, црвено-црните го совладаа бранителот со 2-0, во првиот натпревар од 9. коло на Првата македонаска фудбалска лига.
Пред околу 3.000 гледачи на Филип Втори арената, составот на Илчо Ѓорѓиоски во текот на целиот натпревар беше подобар противник и заслужено ги освои трите бода со кои се искачи на врвот на табелата.
По неколку нереализирани шанси во првите 45. минути кога мрежите мируваа, „црвено-црните" го отворија резултатот во 58. минута преку Бразилецот Лико. Конечниот резултат го постави капитенот на Вардар, Филип Ивановски на осум минути пред крај на натпреварот.
Со оваа победа, Вардар е осамен на чело на табелата, откако Металург во Штип против Брегалница одигра само 1-1. Во второто денешно дерби, Ренова дури во последните 15 минути ја обезбеди победата против Работнички во Тетово со 3-1. Напредок беше убедлив против Тетекс со 4-0, а Силекс за малку ќе го пропуштеше високото водство од 3-0 против Хоризонт, зашто гостите од Турново намалија на 3-2, но тоа беше и конечен резултат.
Утре се игра последниот натпревар во ова коло меѓу Охрид и 11 Октомври.
Табела: Вардар 23, Металург 21, Шкен��ија 18, Работнички 15, Напредок 15, Ренова 12, Тетекс 10, Силекс 10, Турново 8, Охрид 8, Брегалница 5, 11 Октомври 3.
|