27.09.2011, 12:56 Ренова со службени бодови, 11 Октомври пред казна
Комесарот за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука прекинатиот првенствен натпревар од 8.коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу 11 Октомври и Ренова да го регистрира со службен резултат од 3:0 за Ренова.
Фудбалскиот клуб 11 Октомври е предаден на дисциплинскиот комесар поради предизвикување прекин на горенаведениот натпревар.
На саботниот дуел одигран во Прилеп, во 82 минута при резултат 0:1, службени и неслужбени лица извршиле физички напад врз првиот помошен судија Марјан Кировски поради наводно неоправдано досуден офсајд. Поради тоа, главниот судија Александар Ставрев одлучи дека нема услови за продолжување на натпреварот и го прекина. И по прекинот нападите врз судиите продолжиле при нивниот влез во соблекувалните.
Теренот на 11 Октомври е суспендиран, а за времетраењето на суспензијата ќе се одлучува дополнително.
|