29.09.2011, 12:03 Роберто Карлос играч-тренер на Анжи
По лошите резултати, рускиот клуб Анжи од Махачкала го отпушти тренерот Гаџиев, а во следниот период легендарниот Роберто Карлос ќе ја има функцијата играч-тренер.
Милијардерот Сулејман Керимов ова лето потроши 70 милиони евра на засилувања, а помеѓу нив беше и мега-трансферот на Ето од Интер кој стана најскапо платениот фудбалер на планетата. Со ваква инвестиција, тој очекуваше инстант успех на својот тим, но не испадна се според неговите очекувања.
По 25 одиграни кола, Анжи е на седмата позиција во руската Премиер лига со 11 поени заостанување зад водечкиот Зенит. Затоа, челниците на клубот се решија да му врачат отказ на тренерот Гаџи Гаџиев.
Во следниот период, тимот ќе биде предводен од асистентот Андреј Гордеев и бразилецот Роберто Карлос кој ќе има функција играч-тренер.
|