29.09.2011, 16:31 Билетите за Словачка 100 и 200 денари
Мечот ќе се одигра на 11 Октомври на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, со почеток во 19,45 часот.
Билетите за претстојниот меч со Словачка, последен за нашата фудбалска репрезентација на домашен терен и воопшто во квалификациите за ЕП 2012, веќе се пуштени во продажба. Може да се набават по цена од 100 и од 200 денари преку интернет-страницата www.kupikartizase.com.
Мечот ќе се одигра на 11 Октомври на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, со почеток во 19,45 часот. Четири дена претходно, Македонија ќе и' гостува на Ерменија. Дуелот во Ереван ќе почне со 17 часот по македонско време (20 часот по локално).
Во двата натпревара Македонија влегува како претпоследна во групата Б со само седум освоени бода и без шанси за избегнување на петтата позиција. Во досегашните 8 меча впишавме две победи, и тоа очекувани, против Андора, со 2:0 и 1:0 и реми (2:2) на домашен терен со Ерменците.
|