28.09.2011, 17:15 Металург и Шкендија елиминирани на пенали
Бранителот на титулата во фудбалскиот куп на Македонија, Металург ги заврши настапите во најмасовното натпреварување во оваа сезонава.
Тимот од Железарница вчера попладне беше елиминиран на пенали (3:5) од Работнички. Во регуларниот дел немаше голови (0:0), а голови немаше ниту во првиот меч меѓу овие две екипи на националната арена „Филип Втори“. Дебармаалци нешто повеќе од еден час играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Муарем и притоа капитенот Маневски промаши пенал на стартот на второто полувреме.
На ист начин елиминиран е и шампионскиот состав на Шкендија. Тетовци отпатуваа со предност од 2:0 на реваншот кај Брегалница 2008. Но, штипјани најпрво успеаја да ги добијат регуларните 90 минути со идентичен резултат и пласманот во четврт-финалето го обезбедија по подобро изведување на пенали (3:0).
Куп на Македонија, осминафинале, резултати од реванш-мечевите:
Брегалница 2008 - Шкендија 2:0 (0:2) на пенали 3:0, Металург - Работнички 0:0 (0:0) на пенали 3:5, Тетекс - Силекс 0:0 (2:2), Тиквеш - Вардар 0:1 (1:6), Гостивар - Ренова 1:5 (1:0), Пелистер - Хоризонт Турново 1:1 (0:1), Миравци - Напредок 1:1 (1:3). Во заградите се резултатите од првите натпревари.
Утре играат (14.30 ч.): Скопје - 11 Октомври (0:4). (С.Д.)
|