26.09.2011, 17:42 Баерн против Сити првпат во историјата
Вечерва продолжува борбата во групите од Лигата на шампионите
Вечерва во Минхен за прв пат во историјата еден против друг ќе играат Баерн и Манчестер Сити. И двата тима се наоѓаат во перфектна форма, иако Англичаните во првото коло од Лигата на шампионите на свој терен против Наполи одиграа 1:1. Сити е непоразен оваа сезона и моментно се наоѓа на врвот на Премиерлигата заедно со градскиот ривал Јунајтед. Четирикратниот европски првак Баерн, кој е сам на чело на табелата во Бундеслигата со два бода предност во однос на Борусија Менхенгладбах кампањата во ЛШ ја почна со победа кај Вилјареал од 2:0 (Тони Крос и Рафиња).
Фудбалерите на Сити постигнаа 10 гола на гостувањата сезонава, но сега пред себе ќе имаат тим кој само еднаш загубил од англиски претставник на свој терен (1:2 од Норвич во рамките на Купот на УЕФА 1993/94). Дуото на Сити, Давид Сила и Џејмс Милнер е убедено во триумф.
„Против Баерн ќе се обидеме да ја задржиме топката што е можно повеќе во своите нозе. Мора да го наметнеме нашиот стил на игра. Да нападнеме како да играме дома. Имаме голема самодоверба и веруваме дека ќе успееме. Не треба да не разочарува резултатот со Наполи. Итал��јанците одиграа одличен меч“, изјави Силва.
Милнер беше малку поблаг во изјавите: „Знаеме дека ќе биде ѓаволски тешко. Баерн е во одлична форма, но ние може да победиме секого ако тоа е нашиот ден. Поголемиот дел од нашите фудбалери имаат искуство во Лигата на шампиони. Ново искуство е што тоа сега го правиме заеднички“, посочи Милнер.
Един Џеко се враќа во Германија за прв пат откако за 27 милиони фунти дојде во Сити од Волфсбург. Репрезентативецот на БиХ постигна шест гола во осумте настапи сезонава. Бившиот тренер на Тотенхем и на Барселона, Тери Венејблс, вели дека Роберто Манчини мора да му даде шанса од стартот на Карлос Тевез. „Со Наполи беше на клупата. Сити не можеше ништо повеќе против Италијанците. Тоа беше една од најдобрите претстави од италијански тим што ја имам видено во последните десетина години“.
Тренерот на Баерн, Јуп Хејнкес, ги ротираше централните дефанзивци последниве неколку недели, но вечерва се очекува во првиот тим да бидат бившиот играч на Сити, Жером Боатенг и Даниел ван Бајтен. Холандскиот стручњак е среќен и поради враќањето на Арјан Робен, кој постигна гол во победата над Баер Леверкузен од З:0.
Можни состави
Баерн: Ноер, Бадштубер, Ван Бајтен, Боатенг, Лам, Тимошчук, Крос, Рибери, Швајнштајгер, Милер, Гомез
Манчестер Сити: Харт, Коларов, Лескот, Компани, Ричардс, Туре, Бери, Насри, Агуеро, Силва, Џеко.
Група А: Наполи - Вилјареал,
Баерн - Манчестер Сити
Табела: Баерн 3, Наполи 1, Манчестер Сити 1, Вилјареал 0
Група Б: Трабзон - Лил, ЦСКА Москва - Интер,
Табела: Трабзон 3, ЦСКА Москва 1, Лил 1, Интер 0
Група Ц: Реал Мадрид - Ајакс,
Лион - Динамо Загреб
Табела: Реал Мадрид 3, Лион 1, Ајакс 1, Динамо Загреб 0
Група Д: Оцелул Галаци - Бенфика, Манчестер јунајтед - Базел
Табела: Базел 3, Манчестер Ј. 1, Бенфика 1, Оцелул 0 |