02.10.2011, 12:50 Ватерполистите со минус два се враќаат од Франција
Македонската ватерполо репрезентација синоќа во Париз го загуби првиот бараж дуел со Франција со 8:6 (1:1;1:0;4:4;2:1)
Ова е еден од шестте бараж натпревари кои се одиграа, а реваншите на програмата се на 29 октомври. Подобрите репрезентации од двата натпревара ќе се пласираат на Европското првенство што во јануари 2012 година ќе се одржи во Ајндховен, Холандија.
Головите за Македонија против „триколорите“ ги постигнаа Благоје Ивовиќ и Иван Вуксановиќ по 2, Борис Летица и Димитар Димовски по 1. Најефикасен на натпреварот беше Уго Крусил со 3 голови.
На другите бараж дуели беа постигнати следниве резултати: Русија – Шпанија 6:13, Грузија – Романија 5:11, Грција – Словачка 13:7, Германија – Малта 21:5 и Словенија – Турција 5:7.
|