24.09.2011, 20:08 Вардар запрен во Тетово, прекин во Прилеп
Натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу 11 Октомври и Ренова не го доживеа својот крај.
Домашните фудбалери од 11 Октомври, при водство на гостите од 1-0, според Македонското радио, го нападнале помошниот судија Марјан Кировски, па главниот судија Александар Ставрев морал да го прекине мечот во 78. минута. Незадоволството на домашните фудбалери наводно било поради неправедно поништување на два гола поради офсајд.
Во другите денешени средби, Вардар одигра без голови против Тетекс, во Тетово, Охрид го изненади Хоризонт во Турново - победи со 2-1, а убедливи триумфи забележаа фаворитите на домашен терен, и тоа Металург против Силекс, со 3-0, и Работнички против Напредок со 4-0.
Утре во 15 часот на стадионот Тетово се игра последниот натпревар од оваа рунда Шкендија – Брегалница.
Табела: Металург 20 бодови, Вардар 20, Шкендија 15 (натпревар помалку), Работнички 15, Напредок 12, Тетекс 10, Хоризонт Турново 8, Охрид 8, Силекс 7, Ренова 6 (натпревар помалку), Брегалница 4 (натпревар помалку) и 11 октомври 3 (натпревар помалку).
|