27.09.2011, 21:07 Интер со победа се враќа од Москва
Интер со 3-2 славеше на гостувањето кај ЦСКА Мосвка во натпревар од второто коло во Лигата на Шампионите.
По поразот од Трабзон во првото коло, на Интер му беше потребен добар резултат во Москва, кој и го оствари. Тимот на Клаудио Раниери во ефикасен натпревар со 3-2 ја совлада ЦСКА Москва.
Резултатот беше отворен по само шест минути игра кога Лусио погоди по една грешка на голманот Габулов и неговата одбрана. Во 23. минута убав пробив на Нагамото и асистенција до Пацини кој реализира за предност на Интер од 2-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Џагоев со убав гол од слободен удар намалува на 2-1 и ја враќа ЦСКА Москва во игра. Во 77. минута Вангер Лав успева да го израмни резултатот на 2-2. Но, само две минути подоцна, по убава асистенција од Камбијасо, Зарате постигнува гол за победа на Интер од 3-2.
|