26.09.2011, 14:28 Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Популарниот хип хопер Тони Зен сними високобуџетен спот во кој душата му ја вадат три атрактивни и секси девојки- едната е професорка, другата докторка и третата- стјуардеса.
„Три“ е насловот на песната која се наоѓа на неговиот последен албум „Тони Зен е Суперзен“ и е авторско дело на Бертан Аслани, а текстот го напиша самиот Зен. Од неговата матична куќа „Симплисити продукција“ велат дека ова е еден од најскапите и најдобри спотови снимени досега кај нас.
„Прекрасно беше чувството истовремено да се слуша звукот на Ферари и работењето на моторот на авион. Не сум љубител на брзи и скапи автомобили, но сепак ќе речам- Ферари си е Ферари. Презадоволен сум од тоа што целата екипа, иако непрекинато работеше цели два дена, сепак го даде својот максимум и едвај чекам да го видам новото видео издание“, вели Тони Зен. (К.Ш)
|