04.10.2011, 11:18 „Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
Режисерот Милчо Манчевски е член на жирито во натпреварувачката програма на 27. Меѓународен филмски фестивал во Варшава, кој ќе се одржува од 7-ми до 16 октомври, информира С-прес.
Неговиот филм „Мајки“ ќе биде прикажан на фестивалот на 11-ти и 13 октомври во Специјалната програма. Филмот се прикажува надвор од конкуренција поради учеството на Манчевски во стручното жири.
- Овој фестивал припаѓа во елитната група од 13 најголеми конкурентни меѓународни филмски фестивали во светот. Како еден од најдинамичните европски фестивали, тој привлекува страсни љубители на филмската уметност и голем број критичари и филмски работници од светот. Варшава, како и секоја година, ќе биде и домаќин на наградите на Меѓународната федерација на филмска критика, ФИПРЕСЦИ, соопшти С-прес.
„Мајки” беше прикажан на 27 септември на Интернационалниот филмски фестивал во Приштина. Деновиве се појави и документарецот за снимањето на филмот, под наслов „Правењето на „’Мајки’“ во режија на Шанг-Синг Гуо.
Минатиот месец „Мајки“ беше избран во потесниот избор на Европската филмска академија за европски Оскар „Феликс“. Стручна��а комисија на ЕФА го вброи овој филм меѓу 20 најдобри по нивни избор.
|